Ковачевски губи од Мицкоски 4 спрема еден

Димитар Ковачевски губи од Христијан Мицкоски 4 спрема еден. Ова го покажува телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Во Христијан Мицкоски доверба имаат 12,3%, во Димитар Ковачевски 3,5%, во Димитар Апасиев 3,1% и во Али Ахмети 3,7% од испитаниците.

Споредено со резултатите од истражувањето во јуни и февруари годинава, се забележува 12 процентно зголемување на делот од испитаниците кои немаат доверба во ниту еден лидер на партија, благо зголемување на довербата во Христијан Мицкоски за 1% и значително намалување на довербата во Димитар Ковачевски од 8,2% во февруари до 3,5% во септември 2023.