Заврши Фестивалот на велешка пита пастрмајлија „Питијада 2023“

Градоначалникот Марко Колев во својство на организатор денеска оцени дека годинашното издание на „Питијада 2023“ е мошне успешно.

Со вкусна велешка пита пастрмајлија која се продаваше на бројните штандови, како и во велешките ресторани и кафеани и квалитетни македонски вина проследено со многу добра македонска музика за сите возрасти доцна синоќа заврши годинашното издание на традивионаниот Фестивал „Питијада 2023“ годиа во Велес. Како и првите две и синоќешната трета вечер имаше голем огномет над градот. Градоначалникот Марко Колев во својство на организатор денеска оцени дека годинашното издание на „Питијада 2023“ е мошне успешно.

-Многу возбуда и емоции на концертите на Поточиња, велешката група D Chicks, Тин камп, Игор Димовски-Пауза за ракија, Бени, Нон Стоп, ДНК и останатите пеачи и групи кои настапија. Тие направија сите посетители да уживаат и да заминат дома со безброј убави спомени. Ви благодарам на сите посетители за незаборавната енергија во која Велес живееше еден убав викенд, потенцира Колев.

Велес викендов од 6 до 8 октомври на „Питијада 2023“освен велешани и бројните велешани заминати во странство кои се вратија дома за фестивалот, го посетија и бројни посетители од Скопје, Куманово, Свети Николе, Кавадарци, Прилеп и други градови од земјава. Сите тие пробаа вкусна велешка пита пастрмајлија и пробаа квалитетни македонски вина од Повардарието.

Општина Велес како организатор им се заблагодари на сите ресторани, кафеани и кафулиња во градот кои со гостропримство и квалитетна услуга ја подржаа манифестацијата и се покажаа како одлични домаќини.

Градоначалникот Колев воедно се заблагодари и на сите спонзори кои ја подржаа манифестацијата и сите велешани и гости кои ја посетија и ја подржаа годинашната „Питијада 2023“. Тој се заблагодари и на СВР Велес кои го регулираа собраќајот и бројните редари и волонтери кои се грижеа се’да помине во најдобар ред, како и на вработените од ЈКП „Дервен“ кои се грижеа за хигиената.

Општина Велес веќе од денеска ги започнува подготовките за следната „Питијата 2024“.