Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Стадо овци кои бараа свежа храна по екстремните поплави во Грција почнаа да се однесуваат чудно, изјави сопственикот. Овци „нападнаа“ стаклена градина во која се произведува медицински канабис. Сопственикот рече дека родот веќе бил сериозно оштетен од топлотниот бран и бурата Даниел, а овците го довршиле само „она што останало“.

Овците паселе во поплавените рамнини на Тесалија, во централна Грција, пред да се упатат во стаклена градина во близина на градот Алмирос, каде што изеле околу 100 килограми канабис, пишува Sky News.

„Не знам дали да се смеам или да плачам. Имавме топлотен бран и изгубивме многу производство. Имавме поплави, изгубивме речиси се. А сега ова. Стадото влезе во стаклена градина и јадеше што остана. Не знам што да правам искрено“, се пожалил сопственикот.

Овчарот забележал чудно однесување кај стадото. Бурата Даниел ја погоди Тесалија претходно овој месец, поплавувајќи градови и села и убивајќи повеќе од 100.000 животни, соопштија властите. Стотици жители беа префрлени со хеликоптери или извлечени од поплавените домови со чамци за спасување.

Во невремето кое усмрти 17 лица, беше најсилното во земјата досега, по што следеше лето со разорни шумски пожари. Земјоделското производство е сериозно погодено.

Грчкиот премиер Киријакос Митотакис рече дека земјата се соочува со значителни предизвици поради климатските промени. Неговата влада размислува да воведе дополнителни мерки за помош на погодените од природни катастрофи.