Aртан Груби ќе ја контролира и новата лотарија?
На Артан Груби му се брза да има контрола врз новата видеолотарија.АД Државна лотарија на Република Македонија вчера регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ, дознава „Фактор“.мк.
„ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.
Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје и според името може да се заклучи дека дејноста ќе се концентрира на ВЛТ апарати.
Во моментов не е познато како се распоредени уделите, бидејќи станува збор за друштво со ограничена одговорност, а според регистрацијата може да се види дека вкупната основна главнина е 10 милиони евра и дека друштвото е регистрирано на адресата на седиштето на ХТЛ Македонија.
Повеќе на „Фактор.мк“