СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ИСТАНБУЛ! Тотален мрак падна напладне, прстот пред око не се гледаше! (ВИДЕО)

За неколку минути градот остана во темнина.

Тотален мрак падна напладне, прстот пред око не се гледаше! (ВИДЕО) Фото: Твитер-ХаваФорум

Неверојатна сцена се случила во Истанбул кога сред бел ден, точно напладне паднал мрак.

Пред неколку дена голем црн облак го прекри Истанбул и денот го претвори во ноќ, пишува Newsweek.

Видеата брзо се раширија на социјалните мрежи.

– Облак дебел 7 километри помина над Истанбул. Во меѓувреме, сонцето исчезна 5 минути, а денот се претвори во ноќ. Некои коментираа дека доаѓа апокалипсата – твитна турскиот метеоролошки форум Хава форум на Твитер.