Пукање пред џамија во Чаир, има повредени

Вечерва се случило пукање пред џамијата позади Поликлиниката во скопски Чаир.

Според Локално две групи отвориле меѓусебно оган, по кој има повредени.

На 07.04.2023 околу 18 часот во СВР Скопје пријавено е дека дошло до физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје, а непосредно потоа од ГОБ Св.Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б(23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад, велат од МВР за Макфакс.