Проблемот на државата е премиерот повторувач кој заглави во третото одделение, со единствена пролазна оценка за криминал, додека на неговата сопруга и обезбедува бизниси илјадници други се во беда и сиромаштија
Почитувани,
Проблемот во оваа држава не е опозицијата, туку проблемот на државата е премиерот повторувач кој заглави во третото одделение.Единствената пролазна оценка на Ковачевски му е криминалот што најдобро се гледа преку изградбата на Коридорот 8, каде нема ставка од договорот каде безочно не се краде на ангро.Вистината е дека Ковачевски единствено се грижи за иднината на своето семејство и за неговата сопруга да добие некое државно земјиште со почетна цена од едно евро како што тоа и го додели Координаторот на владата за се, Артан Груби.Ковачевски може да биде лут што ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа сите предавнички договори на СДС и ДУИ, но за нас поголема грижа е што илјадници семејства се гладни.Кога Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ давало примат на непотребни работи, а тој градел згради за семејства, реалноста е дека Ковачевски се грижи единствено за своето семејство.Додека сопругата на Ковачевски прави бизниси, илјадници други страдаат во сиромаштија и се без работа. Додека Ковачевски води грижа за неговото семејство чиј имот расте, илјадници други живеат во беда и сиромаштија.Додека неговите деца се школуваат во приватни школи, илјадници други немаат ниту шанса за било какво образование.А кога е коридорот 8 во прашање, еве една конкретна ситуација за која бараме одговор: Дали е точно дека за сите грешки кои приватната компанија ќе ги направи во проектирањето, финансиски одговорна на надокнади е државата?Очекуваме одговор.Проблемот на државата е премиерот повторувач кој заглави во третото одделение, со единствена пролазна оценка за криминал, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.