Експресно го снема видеото во кое Ковачевски му даде поддршка на Ѓукановиќ
Во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Црна Гора во неделата, македонскиот премиер Димитар Ковачевски во видео обраќање му даде поддршка на досегашниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, кое ноќта по соопштувањето на конечните резултати експресно беше избришано, јавуваат медиумите.
Пропагандата на Ковачевски го избришала видеото со кое пред изборите Ковачевски како лидер на СДСМ му даде поддршка на Ѓукановиќ, пишува Експес.
Во видеото Ковачевски изрази поддршка за Ѓукановиќ но откако црногорецот загуби македонскиот премиер сега најверојатно не сака да се види дека дал поддршка на погрешен човек.
Ковачевски докторирал на универзитет во Подгорица каде неговиот татко бил македонски амбасадор кога Ѓукановиќ во кулминацијата на негова политичка моќ.
Не е невообичаено странски политичари во време на изборните трки да поддржуваат тамошни функционери и кандити од сродните политички опции. Во овој случај уште повеќе што некои медиуми шпекулираа со наводни деловни врски на Ковачевски со луѓе од блиското опкружување на Ѓукановиќ.
И тука нема ништо спорно, но се чини срамно е и некоректно лидерот на македонските социјалдемократи да ја негира сега поддршката на челникот на црногорската Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ, затоа што секако меѓупартиската соработка би требало да продоли и натаму, анализира Нетпрес.