ВМРО-ДПМНЕ демантира:Пресот на Левица е лажен! Немало тајни средби и уставни измени под бугарски диктат не прифаќаме, ако не се извинат ќе биде покрената тужба

Прес-конференцијата на Левица која се одржува под директна нарачка на СДС е во целост лажна, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека немало тајни средби.

– Ниту имало тајни средби, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ разговара за прифаќање на уставните измени под бугарски диктат. Затоа против Левица ќе биде покрената тужба за клевета доколку не се извинат за лажните тврдења.

Единствените можеби тајни средби се тие на Апасиев кога добива задачи од Богданка Кузевска за посериозни нарачки. Но тоа не го менува фактот дека коалицијата СДС-Левица е јавна и транспарентна, велат од партијата.