Турција ја погоди нов земјотрес од 5,3 Рихтер – Загинаа повеќе од 4300 луѓе

Разорни земјотреси вчера ги погодија Турција и Сирија, а бројот на жртвите секојдневно се зголемува, додека не се смири тлото.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција во вторник наутро, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри.

Тоа се случи еден ден по двата разурнувачки земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија рано наутро и подоцна попладне, при што загинаа повеќе од 4.300  луѓе.

По овие земјотреси следеа серија послаби земјотреси.

Досега се спасени повеќе од 7.800 луѓе во 10 турски провинции погодени од земјотресот, објави Орхан Татар, претставник на Агенцијата за управување со катастрофи.

Бројот на загинати се искачи на повеќе од 4.300 по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија, пишува Си-Ен-Ен.

Најмалку 4.372 загинати се потврдени по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија рано во понеделникот.

Бројот на загинати во Турција во вторникот наутро се искачи на 2.921, според Јунус Сезер, шеф на турската агенција за катастрофи.

Пријавени се вкупно 15.834 повредени, рече Сезер на прес-конференција во Анкара.