Денес се слави Свети Трифун, заштитникот на лозарите
Светиот маченик Трифун бил чедо на благочестиви родители. Како дете времето го поминувал во чување на гуски. Господ му дал чуда и исцелување. Во текот на животот исцелувал многу болни, избркал демони од многу луѓе и им помогнал на многумина кои му се обрати за помош.
За време на владеењето на императорот Гордиј во Римската империја тој се прославил со исцелување на царската ќерка Гордијана. Гордијана тешко се разболела и психички се растроила. Многу лекари се обиделе да ја излечат но безуспешно. Кога злиот дух излегол од девојката, рекол дека не може да ја остави, никој друг не можел да ја избрка, туку само еден човек по име Трифун. Слушајќи го тоа, царот ги повикал сите луѓе со ова име од империјата. Никој не успеал да ја излечи. Кога било на ред на младиот Трифун, тој ја исцели Гордијана.
Царот Гордиј богато го наградил Трифун. По враќањето младиот човек целото свое богатство го поделил на сиромашните и продолжил да ги пасе гуските. По исцелувањето многумина ја прифатиле христијанската вера.
Доаѓајќи на престолот на римскиот император Декиј почнал да ги прогонува христијаните. Трифун не сакал да се одрече од Христа и неговата вера и поради тоа бил сурово мачен и прогонуван. Тој бил погубен од царот во 250 година. Го погребале во Кампсада, каде што е роден.
На денот на Свети Трифун, лозарите одат по лозјата, ги закројуваат лозите и ги наводнуваат лозите со вино, за да ја вратат ослабената цврстина на лозјето по долгиот зимски период, за да почне да цвета во пролетта што веќе се приближува.
Свети Трифун се празнува со мрсна или посна трпеза, се зависи од тоа дали „паѓа“ во среда или петок кога се празнува на пост, а во другите денови се слави со мрсна трпеза.