Алфа: Пациентка од Прилеп ПОЧИНАЛА ОД БАКТЕРИЈА ШТО СЕ ЈАВИЛА ВО БОЛНИЦАТА

Во прилепската болница затворени се седумте операциони сали на сите одделенија поради интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“, поради која починала пациентка од сепса, објави ТВ Алфа повикувајќи се на свои извори.

Починатата е една од четворицата пациенти кои претходниве денови биле оперативно лекувани, две на Гинекологија, и по еден на Ортопедија и Хирургија, но заради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје.

Пациентката пред четири дена починала во Скопје. Станува збор за 52-годишна жена врз која била извршена полесна, рутинска хирурушка интервенција на Гинеколошкото одделение. Зафатот поминал без проблеми, немало крварење, но наместо да се опоравува, пациентката набрзо паднала во кома, по што ургентно била префрлена во Скопје каде и починала.

„Стручна комисија допрва ќе треба да утврди за каков вид бактерија станува збор. Ќе треба да се почекаат и резултати од обдукцијата на починатата жена. Дотогаш, не би шпекулирале ништо. Неитните операции ќе се одложат, а додека итните ќе се прават во болниците во соседните градови“, кратко одговориле од Болницата.

Постави одговор

Your email address will not be published.