Санкционирани 134 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.