Трајановски потврди дека сегашниот директор на ЈСП доаѓа од редовите на СДСМ, последен директор од ВМРО-ДПМНЕ е во 2018 година
Денес советникот од редовите на ГРОМ, Александар Трајановски од говорницата на Советот на Град Скопје истакна дека последниот директор од гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ е во 2018-тата година и тоа е Игор Јанушев. Од тој период досега ЈСП нема директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од аспект на информациите од ЈСП, едноставно јас не можам да прифатам зошто колегите советници не ги прифаќаат аргументите на претставниците на директорот на ЈСП и на градоначалничката“, нагласи Трајановски.
„Последен директор од гарнитурата на Коце Трајановски односно на ЈСП тоа е Игор Јанушев. Тој е последен директор на ЈСП. Си оди 2018-та во мај/ јуни месец“, рече советникот.
Трајановски со оваа изјава потврди дека и сегашниот директор на ЈСП, Александар Стојковски доаѓа од редовите на СДСМ.
Со оваа изјава Трајановски само потврди дека хаосот кој што се случува со јавниот превоз е поради коалицијата на СДСМ и Данела Арсовска. Имено, т.н. коалиција Тачела придонесе приватните превозници да останат на улица и без плати бидејќи Град Скопје се уште не го исплаќа долгот спрема нив.
ЈСП се најде во долгови затоа што претпријатието се користи за матни зделки. Имено, коалицијта Тачела дури склучи договор за набавка на гориво без рабат. Само по основ на непресметан рабат, кој до сега се пресметувал претпријатието е оштетено за 1.5 милиони евра.