Комисија за заразни болести: Состојбата со корона и синцициски вирус е стабилна во земјата
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатира дека состојбата со Ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати.
Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина.
Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми.
Комисијата наведува дека и понатаму ја следи состојбата со заразните заболувања во нашата држава и доколку има потреба од нови препораки за тоа навремено ќе информира.