ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Арсовска се во коалиција, за матни зделки и тендери, поддржани од Левица, ДУИ и ГРОМ

Ковачевски и Арсовска се во коалиција, за матни зделки и тендери, поддржани од Левица, ДУИ и ГРОМ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и Арсовска имале тајни средби, тоа и го признаа. Коалицијата се гледа и по поставените кадри за директори на претпријатијата под градот Скопје.

Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ.

Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ.

Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица.

Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.

Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС.

Токму Александар Стојковски е лепак за коалицијата Ковачевски – Арсовска, тој го потпиша договорот за набавка на гориво за ЈСП од 27 милиони евра, без вообичаениот рабат.

Со потпис на Стојковски на договорот за набавка на гориво, буџетот на ЈСП е оштетен за скоро 1.5 милиони евра, тоа се пари доволни да се покрие долгот на ЈСП кон приватните превозници.

Ковачевски и Арсовска ако сакаат да го решат проблемот со превозниците, доволно е само да го раскинат договорот за набавка на гориво и да распишат нов оглас со цел да обезбедат рабат. Со така обезбедениот рабат ќе имаат доволно средства за покривање на долгот кон приватните превозници.

Очигледно е дека Ковачевски и Арсовска не сакаат да ги решаваат проблемите, туку ги создаваат, се вели во соопштението на партијата.