25 години од основањето на првиот ОК на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Под мотото „Секоја жена е важна“, утре во Велес ќе се одбележат 25 години од основањето на првиот Општински Комитет на Унијата на жени на Вмро-Дпмне – Велес .
Настанот ќе се одржи во просториите на салата „Бели Мугри“ со почеток во 12 часот.
На настанот ќе се обратат Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски,
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ -Велес, Игор Здравковски.
Настанот е од отворен карактер и ОК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – Велес упатува отворена покана до сите оние кои сакаат да присуствуваат.