Стоилковски: Од голтари до милионери – Стефан Богоев станува хотелиер, 10 дена пред локалните избори неговата мајка купува имот од 7.500 м2 до Беровско езеро
Тука зад мене е уште еден пример од СДС и едицијата „голтари влезени во политиката, а сега милионери“. Честитки за Стефан Богоев! На функција во СДС, во Берово под СДС, по криминогени и рекетарски скандали неказнет во Карпош од СДС, на брегот на Беровското езеро, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
-Ова зад мене од лани е имот на Стефан Богоев, екс градоначалникот на Карпош од СДС. Најнеуспешниот во Карпош, градоначалник полн со скандали, а сега ќе стане и хотелиер.
Имот од 7,5 илјади м2 , до езеро, купен лани, на 7ми октомври. 10 дена пред локалните избори. На име на мајката на Стефан Богоев, со намена за хотелски комплекс.
Постапката е почната, фирмата е регистрирана, Стефан Богоев ќе стане хотелиер, тукушто излезе од градоначалничка функција.
Ова почитувани е типичен пример за СДС, за криминалот, за корупцијата и неказнивоста.
Богоев, прв потписник на договор на Меѓународен Сојуз, милионски рекетарски случај. Богоев, којшто не мрдна по пресовите за дивоградби во Карпош. Богоев, којшто не мрдна за коруптивниот скандал на Весовски за реконструкција без договор на водоводна мрежа.
Најнов хотелиер од СДС, уште еден неказнет за скандали и корупции, голтар па милионер!
Ова е пример зошто СДС ги предаде националните интереси, и зошто се потпишуваат договори за национален срам.
За хотели и богатства. За пусти пари!