И НА КОГО ТОА СЕГА МУ СЕ РАЧИЊАТА ФАТЕНИ ВО МЕДОТ???

Според документите кои се појавија на социјалните мрежи, една од надворешните соработници со кои склучила договор градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска е и Наталија Митовска, сопственичка на продукцијата „Трипл Диџит Продакшн“, која Град Скопје ја ангажирал да го реализира проектот „Ритам на чаршијата“ во вкупна парична вредност од 22.764 евра во времетраење од една година.

Според договорот, додека трае проектот, Митовска ќе добива по 55.000 денари на месечно ниво.

За оние што не знаат, а веруваме дека такви се малкумина, Наталија Митовска е сопруга на Александар Митовски, главниот и одговорен уредниик на веб порталот „Инфомакс“.

Инаку, Наталија Митовска, поранешна Ивчева, години наназад беше во политиката. Прво беше член на ВМРО-ДПМНЕ, па потоа си ја проба среќата во „Обединети за Македонија“ кај Љубе Бошкоски, за пак се врати во ВМРО-ДПМНЕ.

Во последно време „Инфомакс“ почна со отворени напади кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.  И многумина започнаа да се прашуваат зошто???

Зошто, на пример, на „Инфомакс“ предвреме беше објавен текстот за разрешувањето на директорот на „Водовод“???

Зошто Данела Арсовска дава отчет за својата работа преку овој портал???

Митовски, како новиот автомобил и моторот, удобни ли се????

Со здравје да си ги возиш!!!