XII Ораторска вечер Петар Поп Арсов во организација на УМС – Велес

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес ја продолжува традицијата на организирање на ораторската вечер посветена на великанот и основач на ВМРО, Петар Поп Арсов.
Оваа година по дванаесетти пат на говорницата излегоа млади и талентирани оратори кои со своите говори се претставија пред публиката.
Темата на која говореа ораторите беше – „Македонија – пиреј! Вечната борба за светла иднина продолжува!“
Настанот се одржа вчера со почеток во 19:00 часот во салата „Бели Мугри“ во Велес и учество земаа 7 оратори: Миа Чичкариќ, Никола Трендафилов, Лина Рангелова, Елена Николова, Мартина Стаменкова, Мартин Ефремовски и Драган Ѓуровски.

Трочлената комисија го прогласи говорот на Лина Рангелова за победнички.

Постави одговор

Your email address will not be published.