Трипуновски: Фирма блиска до власта по ниски цени купува дрво и потоа продава скапи пелети правејќи милионски суми на грбот на граѓаните
Фирма блиска до власта набавува дрво од опожарените региони по смешни суми од 300 до 500 денари, а потоа произведува пелети и истите ги продава скапо над 500 денари од вреќичка, во ситуација кога граѓаните мака мачат да најдат огревно дрво или пелети, вели Цветан Трипуновски претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, за “Што не е јасно“ на Алфа.
Како што појасни тој, ова е во серијата скандали на владата на СДСМ особено во земјоделскиот секор и тука станува збор за бркање на проценти од ресорниот министер и владата со она што најмногу ги мачи граѓаните за грејната сезона.
-Ја запознав јавноста дека фирма блиска до власта има ексклузивно право да склучи договор со ЈП Македонски шуми за сеча на опожарените шуми и замислете дека набавката, плаќањето на дрвната маса е по смешни цени од 300 до 500 денари за метар кубен, кога граѓаните се во паника да најдат евтин пелет или да набават дрво за огрев, имаме фирма која зема илјадници метри кубни дрво од државните шуми, произведува пелети и ги продава низ Македонија по цена над 500 денари за вреќичка. Ова е смислено сценарио како да ги навлечат граѓаните, да се грејат на овој енергенс и да плаќаат високи суми, рече Трипуновски.
Трипуновски посочи дека македонски шуми како има улога да ги снабди граѓаните со огревно дрво, и дека треба да донесе годишен план за работа за која маса на огревно дрво да се испорача, но оваа година проблем е реализацијата.
-ЈП Македонски шуми на почеток на годината треба да распише тендери за сеча, дотур и транспорт на огревно дрво до подружниците. Првиот тендер кој е објавен во втори месец е поништен, потоа има реобјавување во март и тој е поништен, во јуни месеци има реобјава и пак поништен и веќе во август има избор на фирма. Зошто вака, тоа е за додека не им се наместиле коцките за конкуренцијата да биде елиминирана. Доаѓаме до септември и нема време за реализација на годишниот план и мак шуми не може да испорача, истакна Трипуновски.
Тој посочи дека поради ова иако цената на метар кубен на огревно дрво за даб е 2870, додека за бука 3980, сега во услови кога Македонски шуми нема доволно дрва маса, приватните складови се полни и цената е 5000 денари по метар кубен.
-Ова е договор во 4 очи како да се профитираат врз грбот на граѓаните. Сега има полни приватни полни складови, во Македонски шуми нема и граѓаните се приморани да одат во приватните. Сега имаме ситуација пелетот да енормно да скокне и владата гледа бонбона бизнис. Една фирма која ја спомнав Еко Лајф ДООЕЛ која има блиски релации со власта има ексклузивно право да склучи неколку договори со Македонски шуми. Ако направиме математика доаѓаме преку 200 милиони денари кои ќе ги направи фирмата. Тоа е огромен профит, нагласи Трипуновски.