Милошоски: Уште во 1994 НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИМАМЕ ПОТПИШАНО ДОГОВОР и тоа во Обединети нации во Њујорк

После независноста прв мултилатерален договор склучени на македонски и англиски јазик е Меморандумот за разбирање потпишан со UNHCR на 3ти ноември 1994 година, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, потсетува Антонијо Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека договорни страни во овој меморандум се Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и Владата на Република Македонија, а означувањето на двата јазици на договорот е сосема нормална работа.

Неспособната влада на Ковачевски денес од нормална работа да се потпише договор на македонски прави театар, во обид да ја покрие галопирачката инфлација и честите национални понижувања за кои владата има најголема одговорност, пишува Милошоски.

Постави одговор

Your email address will not be published.