Дали се ова ПОРАКИТЕ ЗА ЛАЖНИТЕ БОМБИ: „Ќе го кренеме во воздух училиштето, илјадници мртви македонски деца“?

Повеќе скопски средни училишта вчера добија дојава за бомба, која по проверките се утврди дека биле лажни. Пораките биле испратени преку е-маил во кој пишувало дека е поставена бомба во училиштето и дека ќе има „илјадници мртви македонски деца“.

Според 4NEWS.mk вака изгледала пораката:

Го мразиме овој свет, нашата мисија е да убиваме. Колку побрзо човечката раса биде збришана од лицето на земјата, толку подобро. Никој нема да остане жив. Не жалиме за човечки род. Ќе го кренеме во воздух училиштето. Илјадници мртви македонски деца. Ќе се пролее крв во езерото. Ние сме меѓу вас. Сите ќе умрете..

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за ТВ21 истакна дека сите училишта во кои имало дојава за поставени бомби биле проверени од Одделот за антитероризам. Станува збор за лажна дојава.

„Се утврди дека станува збор за лажна дојава, исто како што пред некој ден имавме во ЈСП. Обврска наша е да направиме се за да се зачува стабилноста и безбедноста“, порача Спасовски за ТВ21.

Постави одговор

Your email address will not be published.