Бугарскиот европратеник Џамбаски испрати провокации: „Македонија е бугарска“ (ФОТО)
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно испрати провокации во пресрет на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
![](https://zbor.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/image-27.png)
Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“.
– Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба в недела да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото, кажа Џамбаски.
![](https://zbor.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/image-28.png)