„Ако власта продолжи со валканите игри, НИКОЈ НЕМА ДА ГО СПРЕЧИ НАРОДОТ ДА ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА“

ССМ: Не може, работодавачи и газди, да ви бидеме робови седум дена во  неделата – Denesen.mk

Како Сојуз на синдикати на Македонија првин нема да дозволиме одредени политички партии да манипулираат со работниците и воопшто со народот. Тоа го велам и за јавниот и за приватниот сектор. Ние сме првиот синдикат кој што ја тужи Владата за непочитување на Закон кој што самата си го донела. Истото тоа ќе го направиме и пред Европскиот Совет, каде што јасно ќе кажеме дека сме одлучни да идеме до крај, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Димовски додаде дека не оди работата вака како што тргнала бидејќи Владата ги избегнува синдикатите, ги манипулира со одредени мерки демек за заштита на работници од отпуштање, со субвенционирање. Но од тие владини мерки граѓаните ништо не чувствуваат, освен кога ќе излезат до продавница и кога ќе видат дека цените се до плафон, а платите се обезвреднети согласно двоцифрената инфлација.

„Од Владата велат дека инфлацијата е 16.8%, а јас гарантирам според пресметките на ССМ дека таа е повеќе од 22%“, нагласи Димовски.

Тој посочи дека министерот Бесими, или пак министерката на МТСП не треба да кажат дека ќе има покачување, тоа јасно си го кажува Законот за минимална плата, каде што јасно вели дека со порастот на минималната плата која се усогласува секој март има рок социјалниот партнер дали е од приватниот, или јавниот сектор да ги усогласат платите на останатите работници со тој пораст.

„Ние имавме пораст од 18.4%, еве дојде војната во Украина, уште е неизвесна и така натаму, чувствуваме што ни се случува по тој основ, веќе влегуваме и во длабока рецесија, и затоа ние велиме дај една солидарна основа од чистачката до претседателот на државата да дадеме во износ од 2.800 денари ама уште од први мај покачување, пред да поминат тие шест месеци. Тоа го баравме за да можеме ние работниците и севкупниот народ, и пензионерите да избалансираме нешто пред да доде кризата, подготвени да бидеме и да го амортизираме тој удар што сега ни се случува. Сега викаат енергетска криза, не знаеме што ќе биде до октомври. Па ние работниците знаеме што ќе биде, нема да можеме да си ги платиме сметките. Лебот ни беше 30 денари, сега просечна цена е 70-тина денари. Зејтинот ни беше денари, сега е 130-тина денари и тоа најевтиниот, и тоа го кратат нема веќе од еден литар туку по 900 милилитри, 750 милилитри“, појасни тој.

Димовски рече дека ги изигра работниците, се што вети на први мај ништо не се исполни.

„Дојде 01.07.2022 од власта се изгубија, никој не може да најдеме“, укажа Димовски.

„Ова што се штрајкуваше, тоа ќе се нотира во Годишниот извештај на Меѓународната организација на труд, ова ќе се нотира пред Европскиот Парламент бидејќи ние таму имаме наши претставници“,истакна Димовски.

Тој додаде дека во Европскиот Парламент јавно ќе се презентира дека во Македонија се случило да синдикатот и Владата постигнале начелен договор, но не се исполнил од страна на власта. Односно по постигнување на начелен договор Владата на синдикатот рекла „пу пу не важи“.

„И децата не можеш да ги излажеш, а не да излажеш за вакво егзистенцијално прашање. Значи ова ќе биде тежок удар према Владата на Македонија, со ова што го направи на работникот и што уште го прави со игнорантскиот однос“, појасни тој.

Тој посочи дека власта не знае со што се игра, ако продолжи со валканите игри, никој нема да може да ги спречи работниците односно македонскиот народ да излезе на улица да ги бара своите права.

„Јас еве јавно кажувам без нас не може Владата да прави ништо, ниту пак методологија. И да дојдеме на маса да
потпишеме нешто што некој друг го правел, а ние не сме учествувале и не знаејќи ги нашите потреби и нашите барања тоа не оди во обѕир. Ако мислат да флертуваат со стопанските комори, а ние да им бидеме декор, или ако мислат дека треба да се помогне само на работодавачите, а работникот да чека да дојде јануари 2023 година, па ние ако немаме да преживееме октомври – ноември зар мислите дека тогаш некој ќе ги спречи работниците и македонскиот народ да излезат на улица. Власта не знае со што се игра“, рече Димовски.