НЕВРЕМЕТО ОСТАВИ ПУСТОШ НИЗ МАКЕДОНИЈА – ветер од 150км на час, паднати бандери предизикаа пожар на ова место
Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево е регистрирано во Пелагонија, Велес, Градско и Росоман, информираат од Центар за управување со кризи.
„Силна нестабилност е проследена со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер“, потенцираат од ЦУК во објава на страницата на Фејсбук.
„Претходно“, како што посочуваат, „интензивна нестабилност имаше и во Пелагонија, каде е забележана и појава на град. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил регистриран удар на ветер од 150 км/час“.
Додека, пак, на подрачјето на Велес во 16:50 часот во селото Караслари имало запалено сено и паднати бандери. Известени се СВР Велес, а од страна на ТППЕ Велес сеното ќе биде изгасено.
Од ЦУК информираат дека невремето има направено штети и во с.Мартолци, Општина Чашка.
Од ЈКП „Тополка“ има испратено екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, исто така има и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување. За оваа настаната ситуација известен е и директорот на ЕВН, велат од ЦУК.