Двојна победа во Тетово, Ковачевски да си даде оставка- предвремени избори веднаш
„Двојна победа во Тетово, Ковачевски да си даде оставка, предвремени избори веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово. Владеачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата.
Народот јасно кажа дека СДСМ и ДУИ се минато.
Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш. Само предвремени парламентарни избори се решение. СДСМ и ДУИ владеат без поддршка од народот, и работат само за себе и своите криминални дилови.
Ковачевски веднаш да си даде оставка. Секој ден поминат на власт, ќе биде илјадници гласа минус за него на наредните избори. Народот е јасен, Ковачевски нема легитимитет“, стои во партиското соопштение.
Истото го кажа и лидерот на Движењето Беса, истовремено и градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами, на прес-конференцијата по објавувањето на победата во трката за советот на општина Тетово.
Касами рече дека легитимитетот на Албанците во Македонија е во Тетово и дека треба да се смени власта и на централно ниво.
„За краток период двапати ја добивме ДУИ, секако дека легитимитетот на Албанците во Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не е кај ДУИ. Ние од плоштадот во Тетово бараме предвремени избори за да се задоволи волјата на Албанците од Струга до Куманово во земјава и евентуално Албанците во Македонија да имаат достоен претставник во централната власт. Бараме што поскоро предвремени избори“ – рече Касами.