ВМРО-ДПМНЕ: Со новото покачување на струјата, дуото Ковачевски ќе печали, а 500.000 народ ќе живее со 150 денари на ден
„СДСМ и Ковачевски преку Васко Ковачевски, директор на ЕЛЕМ најавија ново покачување на цените на струјата од декември. И СДСМ знаат дека кризата која не чека поради нивниот криминал и неработа не може да ја избегнат, па ја најавуваат уште од сега“, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати. Последните покачувања се во дијапазон од 18% па до повеќе од 100%. Сметките за струја на фирмите само во месец август пак се и до 4 пати повисоки од досегашните.
И токму енормно високата цена на електричната енергија е една од главните причини што од Централниот регистар за само 8 месеци во 2022 година се избришани над 5.500 правни субјекти. Македонија е под енергетски и економски колапс, а единствени виновници за таквата состојба се СДСМ и владата на Ковачевски, кои во време на криза заработуваат на грбот на народот.
Најкриминалниот директор во владата предводена од СДСМ, Васко Ковачевски, кој како директор на РЕК Битола не презема ништо за обезбедување на доволни количини на јаглен и нови ископи, и го остави претпријатието на раб на оперативност.
За сега како директор на ЕЛЕМ да може да увезува скап јаглен, и од истото да печали за себе, за кликата на власта на Ковачевски, а сето тоа резултира со високи сметки за струја кои ги плаќаат граѓаните.
Дуото Ковачевски предизвикувајќи и продлабочувајќи ја енергетската криза се интересираат само за своите лични и партиски интереси додека 500.000 наши сограѓани преживуваат со по 150 денари на ден“, стои во соопштението на патијата.