Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено средно образование има за 11.000 повисока плата од редовен професор на УКИМ
Професорката Билјана Ванковска на фејсбук:
На огласот за работна позиција технички секретар во АЕК, на која може да се аплицира и со завршено средно образование, платата е 47.000 денари. Ова е за 11.000 ден. повисока плата од таа на редовен професор на УКИМ.
Утрово видов и оглас за 26 работни места во ЦУК, кај Стојанче. Без искуство, со прво вработување, добиваат професорска плата. Куриозитет е (ако не грешам) дека за ниту едно работно место не се бара кадар од Институтот за безбедност, одбрана и мир. А нашите студенти се утепаа од учење за кризен менаџмент, за цивилна одбрана и заштита, за ЦУК и тн.
И на сето ова додаваш вести за зголемување даноци и инфлација до небо, со највисоки цени на лебот, и си велиш: отишло се’ по ѓаволите, а уште ни есен не дошла (деца на школо, огрев, и сл.)
Но, затоа тие се дебелат – БУКВАЛНО!