Абдул Селам Селами ѝ се закани на Данела на фејсбук, па го избриша постот – Јоци ја обвини Данела дека намерно прави етнички тензии
„Данела, немој да мислиш дека си нашла ‘планина без волк’, па ќе можеш да правиш што сакаш!!“ – со заканувачки тон Абдул Селам Селами, заменик-директорот на Управата за јавни приходи на Република Македонија, и се обрати на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако таа донесе одлука за отстранување на 33 вработени според „рамковниот принцип“, кои примале плата, а не оделе на работа.
Абдул Селам Селами, кој е од редовите на Демократската унија за интеграција, во објавата на својот фејсбук-профил без персирање, во директен тон ја „поучува“ градоначалничката на Скопје Арсовска: „Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред. Немате предвидено ниеден кадар-Албанец во Дирекцијата, каде што раководи Градот Скопје, па од неодамна почна и да отпушташ работници-Албанци од работа!!!“
Саламандии можеш да кажуваш во приватниот сектор, или во твојата компанија, од каде што доаѓаш, но НЕ и со народните пари на граѓаните на Скопје.“
Сепак, после неколку часа, Селам ја избриша објавата на фејсбук.
Исто и Јорданка Ивановска Јоци смета дека бркањето 33 Албанци од Комунална хигиета е смислено сценарио за етнички тензии на штета на ВМРО-ДПМНЕ за да не направат влада на следни избори со ниедна албанска партија.
„Бркањето на 33 Албанци од ,,Комунална” е добро смислено сценарио за етнички тензии и националистички набој, на штета на вмровци, да не направат влада на следни избори со ниедна албанска партија. А, мора со некоја.
#Косана и #Данела им истурија мочка денеска врз главите на вмровци, али сигурна сум дека веќе тоа го знаат, осим оние кои везе немаат, али плескаат со рачињата.
Косана е позната по ,,палење етнички пожари” уште во време грујово, и некој ја сокри да не ја слушаме како дрви qur во ,,бомбите” (хехе), али ај – предоцна ќе ви текне.
Сигурна сум дека во ,,Комунална” има уште 200 минимум кои ништо не работат, али нив никој не ги брка.
Идентичен ,,филм” како што беше и со брат му на Зуди (кој го постави Данелка, али истиве овие не ги избркал, хех).
А, се знае кој може да организира вакви театарски дејствија (двеве сигурно не).“, пишува Јоци.