14.07.1907 – ТИВКО Е НА НОЖОТ!
Битката на Ножот е најголемата битка со најголемо крвопролевање после Илинденското востание од 1903 година, предводена од четничкиот институт на Внатрешната Македоно Одринска Револуционерна Организација за целиот период на постоењето на Организацијата. Битката се одиграла на 14 јули 1907 година околу врвот Ножот во близина на селото Ракле, Прилепско, а фотографиите и расказите за битката сведочат за храброста, упорноста и пожртвуваноста на јунаците од ВМОРО, со трепет и неверување се пренесуваат по целиот свет.
По Илинденското востание српската и грчката вооружена пропаганда во Македонија се зајакнуваат. На Рилскиот конгрес на ВМОРО кој се одржал во септември 1905 година се донесува одлука да им се даде решителен отпор. Од средината на месец мај 1907 година четата на Тане Николов го обиколува Поречието и Азот, а од месец јуни се приклучува и 50 члената чета на Михаил Чаков и 30 члената костурска чета на Христо Цветков.
Кон четата на Тане Николов се приклучува и прилепскиот околиски војвода и член на окружниот комитет Петар Ацев. Кон нив се насочуваат и четите на Иван Наумов и прилепско реонска чета на чело со Мирчо Најденов. Во регионот се концентрират: над 150 четници кои што се вратиле во последните два месеца од Бугарија, околу 45 четници од локалните окружни и реонски чети, како и чети во поголемиот дел кои влегле претходната година во Османската империја и по одлука на Организацијата биле оставени за борба против странските пропаганди и речиси 150 лица селска милиција, етапно подготвени од околните села. Основна цел на здружената чета под водство на Тане Николов е чистење на селата во планината Бабуна од србомански шпиони и крајно уништување на српската пропаганда. Србоманите испраќаат агенти во Битола, Прилеп, Тиквеш, Велес, Воден, Лерин за да ги предадат на турските власти четите во селото Никодин. По 10 јули турските војници се распоредуваат по целиот овој регион.
Се донесува решение здружената чета да се подели на неколку помали чети, кои треба да заземаат позиции околу Никодин. Распределбата станува вака: едно одделение од 40 лица зазема позиција над самото село; друго со број од 100 лица да го сочинува главиот дел од четнички сили и да се распредели на падините меѓу село Никодин и село Попадија; третиот одред од 45 лица, кои се состојат од костурската чета (30 лица) на чело со Христо Цветков и четници од четите на Михаил Чаков и Мирчо Најдов зазема позиција на над село Ракле; други две групи (од 8 лица) четници на чело со локалните војводи Секула Ораовдолски и Вељко Попадијски се сместуваат под врвот Јасенова глава, како тие треба да го чуваат патот меѓу село Никодин и село Владиловци; последната група се состои од четите на Тане Николов и Петар Ацев, заедно со милицијата ја зазема висината Попадијските чукари. На 13 јули војводите се собираат на совет и покрај одлуката на прилепскиот градски окружен комитет четите да се повлечат, војводите одбиваат и се подготвуваат за отпор кон турскиот аскер. Петко Којчев од Панаѓуриште, Најден Арсов од село Папрадиште и сите други четници одбиваат да го напуштат врвот Ножот покрај тешкотијата на позицијата која ја заземаат, војводите откажуваат и се приготвуваат за отпор кон турскиот аскер. Атанас Попов от село Шестеово, Трендафил Думбалаков, Петко Којчев от Панаѓуриште, Најдо Арсов од село Папрадиште и сите останати четници откажуваат да го напуштат врвот Ножот.
Утрото на 14 јули турски аскер се насочува кон врвот Ножот со цел да ги опколат герилците, а друга група турски војници од исток отвораат оган во главната четничка команда. Четниците лоцирани на Ножот исто отвораат стрелба на надојдениот аскер. 18 четници се искачуваат и ја заземаат североисточната падина на самиот врв. Нивната позиција сепак не им дозволува да гледаат што се случува на останатите падини. Турците почнуваат да заземаат позиции околу самиот врв и да го опкружуваат. Војводата Мирче Најденов ја одбива турската чета напред кон падините Пештера, како позицијата на неговата чета станува команден пункт на зборот од чети под раководство на Тане Николов. Кон него се препраќаат турски војници од Тиквеш и Велес. Четата на Иван Наумов ги пресретнува Турците пред ридот Ножот, одделот на Тодор Дочев, Никола Булгуров, Благој Каратанасов го одбиваат турскиот налет кон врв Јасенова глава, каде што се заштитуваат четниците на патот меѓу селата Никодин и Владиловци. До пладне Турците го опсадуваат регионот, пристигнуваат нови турски единици на чело со Енвер бег. Турска чета ги напаѓа останатите отцепени 18 младинци на североисточната падина, притиснати и од исток од аскер, сите храбро паѓаат. Турците завземаат уште еден рид, што ја отвора можноста за тилов напад на Ножот. Група четниците се самоубиваат со револвери, а последните лежат врз останатите неколку бомби. Четата на врв Јасенова глава ги одбива налетите од кај село Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чаков и Вељко Апостолов – Попадијски се повлекуваат по Попадијската река во насока на село Подлес. Со паѓањето на ноќта четите ќе се повлечат и турските војници им ги губат трагите. Во следните неколку дена аскерот ги осакатува и убива неколкуте изгубени и повредени четници.
Вкупниот број на загинатите комити во реонот на планината Ножот е 67. 45 од нив загинуваат на самиот врв, други 10 четници биле убиени во подножјето на планината Јасенова глава, 6 луѓе паѓаат при повлекувањето од врвот, 1 четник е застрелан на Мирчовата позиција, 4 четници се опколени во плевник – двајцата се застрелани, а другите двајца (повредени од претходниот ден) се изгорени живи, еден фатен четник е обесен по два дена во Велес.
Откако Ножот бил завземен, Турците почнале да се изживуваат врз загинатите комити, но по наредба на Енвер бег тоа било сопрено. Тој наредил храбрите револуционери да бидат достојно закопани. Телата на комитите биле закопани во близина на врвот од страна на локалните селани. Но, поради каменистата почва и недостатокот на земја, тие биле затрупани со камења, и долго време потоа делови од нивните тела биле разнесувани наоколу од диви животни.
ТИВКО Е НА НОЖОТ!