Трајкоска: ПРЕДЛОГ: ИЧ ДА НЕ го објавувате, што има НИЕ да знаеме! Ќути, бутај, може Македонецот да издржи сè: Нe бе, дечки, не може сè и сами ќе си го видите тоа. Каков крај!

„Чекај, чекај, по потпишувањето нема ни денеска да го објавите?! ХАХАХАХАХА, па јас сум ви дала и повеќе образ од што имате, сум ве преценила брее – јас мислев барем ќе се обидете да не зафарбате со објавување 5 мин. пред потпишување, па преку рент-а-новинар и рент-а експерт ќе не „информиравте“ дека тоа што сме дознале истовремено со потпишувањето е големо достигнување и развој на демократијата во Македонија! ЦЦЦцц….прво во ЕУ пред министрите, па после пред СВОИТЕ ГРАЃАНИ?? Какво демократско достигнување е ова, ма БРАВО! Морам да ги прашав овие релативизаторите што елитистички се смеат на тоа дека си загрижен за државата и сакаш да знаеш што се случува – ова сериозно нормално ви звучи?! Или пак ќе си поќутите“, пишува на својот фејсбук профил Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии.

„ПРЕДЛОГ: ИЧ ДА НЕ го објавувате, што има НИЕ да знаеме. Нека знаат во ЕУ и Генчовска, а нас на рати ќе ни го кажувате што треба да направиме, што има да знаеме како не сецкате! Ќути, БУТАЈ, може Македонецот да издржи сЕ!

НЕ бе дечки, не може сЕ. И сами ќе си го видите тоа.

КАКОВ КРАЈ!

п.с – еве ви ја Генчовска – ви прави ПРЦ на брифинг – честитајте си! СО ФУСНОТА!

„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“, пишува Трајкоска.

Постави одговор

Your email address will not be published.