Тасевски: Бесплатна лекција за тие од СДСМ кои се родиле како Македонци, а по партиска наредба се поголеми Бугари од Бугарите

„Бесплатна лекција за глупаците и глупачките од СДСМ кои се родиле како Македонци, а денес се поголеми Бугари од Бугарите по партиска наредба и кои предавството на својот народ во јавноста го продаваат како заложба за светлата ЕУ иднина“, пишува Сашо Тасевски.

„Она што ми кажале мене, ви го кажувам на вас.

Предавството на својот народ во 95 посто случаи се прави за многу пари.

Парите се главен мотив на предавниците.

Втор мотив е одмаздата кон своите поради повредена суета на предавникот.

И третиот мотив најредок е желбата за докажување и чист авантуризам.

Сакам да кажам, неколку души од вашите, кои ве лажат да ги поддржите во предавството најверојатно зеле многу пари.

Неколку десетици милиони евра. На рака.

Или добиле ветување дека ќе добијат повластици да ги прошират своите бизниси.

Така оди тоа.

Но тоа го добиваат само двајца или тројца за вакви предавства, за да се истуркаат до крај.

Другите сте искористени за кикирики или прелажани.

И ве гледам како се пењавите по говорници и по фејсбук во одбрана на оние кои зеле многу пари.

И мислите дека сте умните деца на напредниот прекрасен ЕУ свет.

Не бе вие разни дарковци, богданкички, иренички, санелички, бојановци, марјанчиња, не сте никакви перјаници на напредокот.

Предавници сте.

Исто како и вашите надредени кои го продале својот народ за многу пари“, пишува Тасевски.