СДСМ и ДУИ ги повлекоа заклучоците кои ги предложија само за го прикријат неединството меѓу нив

Собранието трет ден веќе расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот.

Денес, СДСМ и ДУИ ги повлекуваат заклучоците што ги предложија, за да не се забележи неединство, заради тоа што Морачанин, Трајанов и уште двајца пратеници од СДСМ најавиле дека ќе гласаат против или ќе бидат отсутни од гласањето.

Списокот на пријавени пратеници е исцрпен, даден е еден час пауза, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ.