Протестот утре започнува во 12 часот, ноќва граѓани ќе останат во шатори пред Собрание

НЕ за францускиот предлог и за ултиматуми, НЕ за менување историја и на учебници, се дел од пораките од протестниот марш под мотото „Ултиматум, НЕ благодарам“ што вечерва заврши пред Собранието на Република Македонија.

Пред Парламентот некои од учесниците во протестот поставија шатори и најавија дека ноќта ќе ја поминат таму.

Утре протестот против францускиот предлог наместо во 19 часот, ќе започне порано, пред седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог.

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое е посочено дека протестот започнува во 12 часот.

„Да порачаме дека Македонија не е на продажба, дека информацијата и да помине во Собранието, уставните измени нема да поминат. Власта мора да го отфрли предлогот“, порачуваат од партијата.