Почина Владимир Транталовски, еден од петте основачи на ВМРО-ДПМНЕ

Почина Владимир Транталовски, еден од петте основачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е човекот кој во неговата семејна куќа во Ресен се одржувале низа состаноци и договори за да се стави темел на она што подоцна ќе биде единствен браник на македонштината.

Подоцна, по барање на Драган Богдановски заминува во Минхен каде на 31 мај, 01 и 02 јуни 1990 се одржува состанок за официјално формирање на партијата која ќе го носи светлиот Илинденски идеал пред себе.

Владимир во аманет ни го остава најсветото, а наша обврска е да го чуваме.

Неговиот идеал исто така ќе живее и преку неговите живи потомци!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се прости од Транталовски:

„Владо Таранталовски кроток и стаменит човек. Со ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток, низ сите бури и искушенија.
Борец со целото срце за Македонија. Денес тоа срце престана да чука, но останаа неговите дела и неговиот завет.
Почивај во мир, ВМРО-ДПМНЕ нема да те заборави.“

Нека му е вечна слава!