Пораки од деветтиот ден протести против францускиот предлог: „ПРЕДАВНИЦИ НА НАРОДОТ“, „МАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА“!

Транспарент со напис „Предавници на Македонија“ се појави пред собранието

„Го кријат протоколот затоа што со него се распродава Македонија.

Полицијата пишува пријави против граѓани кои блокираат раскрсници.

Владата врши предавство, а дефокусира со потпалување на етнички тензии, велат од „Ултиматум, не благодарам“.

На денешниот протест беше објавен транспарент на која беа фотографиите на пратениците кои како што велат протестантите се предавниците на народот“.

Народот и денес масовно излезе на протест да го крене својот глас против ултиматумот пред кој е ставена Македонија и за истиот да порачаат „НЕ, благодарам“.

Протестантите тргнаа од Влада до Собрание, а на средината на трасата застанаа и пред објектот на Министерството за надворешни работи.

Таму група млади лица оставија моќна порака, која ќе остане на улицата пред МНР да биде сведок на ставот на македонските граѓани.

Еве уште неколку фотографии од денес кога илјадници граѓани по деветти пат излегоа на протест да го кренат својот глас против неправдата која се сервира пред Македонија.

Се пееја македонски песни, се вееја македонски знамиња, народот покажа сплотеност и решителност.

Рамо до рамо со останатите граѓани беа и низа политичари од опозицијата – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателите на партијата, градоначалници, пратеници.

Постави одговор

Your email address will not be published.