Ова се вика „мониторинг од близу“ – во четврток на на собраниската седница на која ќе се расправа за францускиот предлог, ќе присуствува и Урсула фон дер Лајен

Собранието за во четврток во 13:30 ја закажа седницата на која пратениците треба да расправаат за францускиот предлог.

Закажана е 81-вата седница со единствена точка на дневниот ред – Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

Претходно, Собранието на Република Македонија за во четврток во 13:00 часот ја закажа и 80-тата седница на Собранието на која треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.