МИЦКОСКИ: МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ПОЧНЕ СО ПРЕГОВОРИ, ПРЕДЛОГОТ СЕ ПОТПИШУВА ЗА АЛБАНИЈА ДА ПОЧНЕ!

„Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни. Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ“, Христијан Мицкоски.

НИЕ НЕМА ДА ПОЧНЕМЕ СЕГА ПРЕГОВОРИ, ТОА МОРА ГРАЃАНИТЕ ДА ГО ЗНААТ. АЛБАНИЈА ЌЕ ПОЧНЕ, НЕ НИЕ. НИЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ГО СМЕНИМЕ УСТАВОТ. НИЕ ОВА ГО ПОТПИШУВАМЕ ЗА АЛБАНИЈА ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ, НЕ МАКЕДОНИЈА. ТОА ТРЕБА СЕКОЈ ЕДЕН ГРАЃАНИН НА МАКЕДОНИЈА ДА ГО ЗНАЕ. НЕМАМ НИШТО ПРОТИВ АЛБАНЦИТЕ, НЕКА СИ ПОЧНАТ, АКО ЕК ОЦЕНИЛА ДЕКА МЕСТОТО НА ЕДИ РАМА Е ТАМУ, А МЕСТОТО НА МАКЕДОНИЈА НЕ Е ТАМУ, ТОА Е ОДЛУКА НА ЕК, ЈАС ТУКА НЕ СЕ МЕШАМ. АКО Е ОДЛУКА НА ЕК, МАКЕДОНИЈА 22 ГОДИНИ ДА ЧЕКА, А ЕДИ РАМА ДА БИДЕ ТАМУ И ДЕКА ТОЈ СПОДЕЛУВА ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ, А НЕ ЈАС И ОВИЕ ЛУЃЕ ТУКА, ТОГАШ ТОА Е НЕЈЗИНА ОДЛУКА. НО, ТРЕБА НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА ДА ЗНАЕ ДЕКА НИЕ СО ОВА НЕ ПОЧНУВАМЕ ПРЕГОВОРИ, ЕДИ РАМА И АЛБАНИЈА ПОЧНУВААТ, НЕ НИЕ. ТОА ТРЕБА НА СИТЕ ДА ИМ Е ЈАСНО, НА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДА И Е ЈАСНО, истакна тој.