Владо Јовановски: Со фантомки се ограбува банка, а не се брани веќе пљачкосана држава

„Со фантомки се ограбува банка, а не се брани веќе пљачкосана држава, чии национални интереси се на распродажба.

Татковината се брани со срце, со душа, со ум, со човечко достоинство и со образ.

Безобразни, тргнете ги маските, за да им го видиме образот/суратот, на тие кои ви ги “продаваат”.

Браќа и сестри, да не бидеме “глинени гулаби”, по втор пат!

Протести, да!

До крај, додека не држат нозете.

Со присуство, со масовност, со истрајност…

Подобо да умреме чекорејки отколку цел живот да клечеме!

Насилство, НЕ!

Да бидеме мудри Македонци!

А пак, ако некој поинаку мисли, нека прави како што му сече црпката, ама нека си превземе одговорност, со сите последици, не да се крие зад мирољубивиот и родољубив народ, а после други да страдаат“, пишува Владо Јовановски на својот фејсбук профил.

Линк до постот:

https://www.facebook.com/vlado.jovanovski.12