Бугарски диктат за Македонија, НЕ благодарам! Голем народен протест пред Влада во 19 часот

По добивањето на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и најавата на Владата дека ќе тој предлог ќе биде прифатен, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на голем народен протест пред зградата на влада, со почеток во 19 часот.

Предлог кој е ултиматум за иднината на нашата Македонија.

Предлог кој е диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија.

За таков предлог одговорот е НЕ БЛАГОДАРАМ!!! – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само човек кој е аматер може да мисли и да верува дека ова е добар договор, освен, ако нема задни намери, а во она друштво во зградата на „Илинденска“ видов многумина за кои сум сигурен дека имаат сериозни задни намери.

Затоа повикувам на обединување и на висока свесност за тешките удари кои оваа влада ќе ги прави на нашата Македонија.

Или сега ќе кажеме гласно НЕ, или потоа драги пријатели, драги сограѓани ќе немаме право да бидеме повторно гласни и ќе немаме на приговори.

Затоа да излеземе сите заедно без разлика дали сме политички определени или неопределени, без разлика дали сме вакви или такви, леви или десни, либерални или конзервативни, ако нас ни значи Македонија, ако ни значи делото на нашите предци, ве повикувам како граѓанин обичен, да излеземе пред платото на владата и да кажеме едно големо НЕ во 19 часот“ – порача Мицкоски.

Постави одговор

Your email address will not be published.