Стојаноски: Го повикувам Талат Џафери да свика итна седница и предлог законите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ да се изгласаат во корист на граѓаните

„Јас сакам да ја потсетам јавноста дека на 5-ти мај како пратеничка група поднесовме уште еден закон и тоа по итна постапка, законот за намалување на акцизите за 50%. Во овој момент намалување на тие акцизи ќе допринесеше цената на литар гориво да не надмине 85-86 денари наместо за првпат во историјата на нашата држава бројката која што ја плаќаме за литар гориво да биде троцифрена“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски додаде дека тој очекувал веќе изутрина ако вчера вечер не излезе Владата да каже дека ги продолжува антикризни мерки, оставка на целиот економски тим.

„Пред да влезам во студиото, прочитав едно соопштение од Владата каде што замислете они бараат солидарност од народот спрема нив, и ги повикуваат политичките партии да не ја креваат тензијата, дека во Владата размислувале какви мерки ќе преземеле. Замислете додека тие размислуваат, деновите поминуваат, а граѓаните живеат се потешко. Ја користам оваа прилика да ги повикам и да го повикам Талат Џафери без разлика уште колку време има намера да ја држи функцијата претседател на Собранието со онакво недостоинствено однесување, веднаш да свика итна седница каде што овие закони ќе бидат на Дневен ред, да ги изгласаме одма за да можат граѓаните малку од малку да здивнат. Затоа што ова што се случува во овој момент особено денеска е апсолутно ненормално“, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека цената на нафтените деривати е покачена бидејќи власта одбива да ги прифати предлозите на опозицијата за како да се ублажи кризата во државата. Во текот на гостувањето исто така се осврна и на енергетската криза.

„Ние плаќаме поскапа струја затоа што не произведуваме струја во оваа држава. Како полека ќе се доближуваме до зимата таа ќе биде најлошата во последните 70 години, нешто што го призна и Ковачевски“, изјави Стојаноски и додаде дека владата не ја интересира да ја менаџира енергетската криза, туку ги интересираат тендерите во 4 очи.

„Два факти кои се соопштени од лива членови на владата, за една година производството ни е намалено за 30%, а за 3 години за еден терават час, тоа се 250 милиони евра кои ние треба да ги платиме на некого, а сме можеле да ги произведеме. Зошто не ги произведуваме, затоа што секогаш кога треба да се ископува јаглен се поплавуваат рудниците за да може потоа комбинатот да додели тендер на трети компании да ископуваат јаловина па потоа јагленот да дојде на ред. Што значи термоцентралите не ни произведуваат, а хидросистемите за производство на електрична енергија ние ги испуштивме и сега се празни и не произведуваме електрична енергија“, истакна Стојаноски

Стојаноски потенцираше дека струјата се покачува, цената на пелетите е покачена за 50% со што граѓаните ги притиска да бараат алтернатива за загревање, дрвата се покачуваат, а владата нема кризен комитет кој ќе го менаџира ова.

„Нема таков комитет затоа што не ги интересира тоа. Но ги интересира за само 10 дена да доделат  тендери во 4 очи во вредност од 200 милиони евра, државата да даде на ЕЛЕМ 170 милиони евра, уште 300 милиони евра од девизните резерви, пола милијарда да не чини ова и ние сега зборуваме за нов заем од 25 милиони за фотоволтаици. Енергетската криза само ќе се продлабочува“, нагласи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ  понуди тимови на владата за излез од кризата, но владата ги одби, и додаде дека единствен излез од целата оваа ситуација во која не втурна владата се предвремени парламентарни избори.