119 години од смртта на великанот Гоце Делчев
Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
Името и дејноста на Делчев е проткаено во македонската историја како синоним за една автентична борба и пожртвуваност, која денес низ неговата историска појава ги рефлектира контурите на просветителството, военото организирање, идеолошката определба, воскликната низ пацифистичкиот одблесок за културното натпреварување на народите.
Денеска се одбележуваат 150 години од неговото раѓање. Во Музејот на македонската борба денеска на пладне ќе биде отворена изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)” што ја подготви Државниот архив, а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Изложбата ги прикажува дејствувањето и улогата на Гоце Делчев како организатор на македонското револуционерно национално – ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20. век, односно како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација.