Можат уште повеќе да нè продадат – уште во 2019-та Заев договорил заедничко чествување на Цар Самоил, сега Ковачевски истото го потврдува!

СДСМ продава веќе продадена работа по втор пат, откако во 2019-та Заев договорил заедничко чествување на Цар Самоил, сега Ковачевски истото го договорил по втор пат.
Дали можеби новиот успех кој го слават во Бугарија, не е само заеднички чествување на Цар Самоил и други историски личности од средниот век, туку и нешто повеќе од тоа?

Што конкретно се договара во моментот, и зошто Бугарската страна слави, а во Македонија има молк.

Бујар Османи наместо преку медиумите, прво да отиде во собранието и да реферира пред пратениците што договара со Бугарија. А Димитар Ковачевски да ги запознае политичките партии и стручната јавност.

Ковачевски и Османи го водат целиот процес на преговори целосно нетранспарентно, наспроти тоа во Бугарија политичарите вклучени во процесот се тие кои ги информираат нивните граѓани.

Односот на Ковачевски и Османи кон целиот процес дава сомнеж дека тие може да ги загрозат Македонските интереси, јазикот, идентитетот и историјата.
Токму затоа Ковачевски доколку е искрен кон Македонија и народот, треба да побара писмени гаранции од Брисел и од Софија за Македонскиот јазик, идентитет и историја.