79 години од депортацијата на Евреите од Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со делегација положија цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Македонија.
Еве што напиша Мицкоски на својот профил:
„Денес се навршуваат 79 години од депортацијата на Евреите од Македонија. Фашистичката власт предводена од тогашниот бугарски окупатор направи чекор, без преседан, со кој илјадници животи на нашите сограѓани Евреи згаснаа. Ваквата историја нè учи дека е потребно да се бориме за мир, разбирање и пријателство. Поуките од тогаш мора да бидат добар учебник за иднината.
Слава им“, стои во неговиот напис.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan