Талат Џафери нека не се однесува со Собранието како со своја крчма, демократијата подразбира процедури и норми кои автократот од Форино ги гази
Автократот од Форино познат и како Талат Џафери во класичен заевистички манир кажува, заборава па негира. Тој пред само две недели самиот кажуваше дека согласно Деловникот не може без одлука на матична Комисија во Собранието да разреши пратеник од позицијата член во Комисија, за сега да прави правни вратоломи и прекршувања на членови од Уставот и Деловникот и се дрзнува да разрешува, узурпира и крши процедури.
Собранието не е негова крчма, па да се однесува така шерифски. Процедурите и нормите се основни демократски принципи и истите Талат Џафери бесрамно ги прекршува.
Не може само затоа што им текнало на СДСМ-ДУИ 4 минути пред почеток на пленарната седница на Собранието да се вметнува точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата.
Не може ваквото разрешување на член на работно тело да помине без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.
Не може само затоа што Заев дал наредба да се изгласа пусулчето со имиња на Уставни судии, да се прави грубо кршење на Уставот и деловникот и да се деградира Собранието.
Самоволието и институционалното насилие на СДСМ и ДУИ, чиј директен спроведувач е Талат Џафери, создава опасни и недемократски преседани. Ова е газење по волјата на граѓаните и тоа народот ќе го казни, а спроведувачите на налогот на Заев ќе понесат одговорност.