РУСИТЕ ЈА ГРАНАТИРАА ФАБРИКАТА ЗА АВИОНИ ВО УКРАИНА ?! Црн облак чад го прекри небото над Киев – итните служби на местото на ЕКСПЛОЗИЈАТА

 Pogođena fabrika aviona Antonov

Градската управа потврди дека утринава била погодена „фабриката“ на авионот Антонов, а не аеродромот Антонов во Украина. Фабриката за авиони Антонов се наоѓа на аеродромот Свјатошин, на околу 10 километри од центарот на Киев.

Од градската управа велат дека на местото на експлозијата се итните служби
Да потсетиме, утрово се појави веста дека аеродромот Антонов, на северот на Киев, е погоден од руско гранатирање, соопштија властите во главниот град. Антонов, познат и како Хостомел, е најважниот меѓународен карго аеродром во Украина, како и клучна воена воздухопловна база.