Градскиот совет на Мариупол побара од жителите кои сакаат да избегаат од борбите да се вратат во засолништата, бидејќи преговорите со Русија за обезбедување коридор за евакуација продолжуваат, се вели во соопштението.
„Ги замолуваме сите жители на Мариупол да си заминат и да одат во засолништата. Наскоро ќе има повеќе информации за евакуацијата. Во моментов, преговорите со Руската Федерација за воспоставување режим на прекин на огнот и обезбедување безбеден хуманитарен коридор се во тек.
„Полицијата ќе ги информира и жителите на градот со помош на звучници“, се додава во соопштението.
Претходно утрово, руската војска објави дека ќе го прекине бомбардирањето на градовите Мариупол и Волноваха за да им дозволи на цивилите да избегаат.