По објавата дека Бојко Борисов е уапсен, бугарското МВР ја избриша информацијата

Попладнево бугарските медиуми објавија дека полиција го привела поранешниот премиер Борисов како резулат на заедничка операција со Европското јавно обвинителство.

Се наведе дека приведени се поранешниот премиер Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.

„Никој не е над законот“ напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Бугарското Министерство за внатрешни работи ја отстрани веста од својата интернет-страница за апсењето на Борисов.