Нов пресек на ситуацијата: Од почетокот на специјалната операција уништени се 1.600 воени објекти во Украина

Осми ден од почетокот на специјалната воена операција во Украина. Втората рунда преговори меѓу Москва и Киев, како што е најавено, ќе се одржи денеска Руската делегација веќе пристигна во Беловешката шума, каде треба да се водат преговорите, но местото за состаноци на делегациите на Русија и Украина би можело да биде преместено од Беловешката шума на друга локација.
Одлука за тоа се уште не е донесена и нема информации за датумот на состанокот.
Единиците на руската армија обезбедија коридор за цивилите да ја напуштат Бородјанка во регионот на Киев, каде што се стационирани националисти заедно со опрема во станбени области, изјави за медиумите портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
„Во Бородјанка, каде единиците на украинските националисти се сместени во станбените населби заедно со опремата, цивилите можат безбедно да ја напуштат населбата во правец на Берестјанка преку посебен коридор. „Руските војници не го попречуваат излезот на цивилите во оваа насока“, рече Конашенков.
Тој исто така посочи дека „руската армија ги презема неопходните мерки за да ја обезбеди безбедноста на украинското цивилно население“.